Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на завршниот Мастерс, победувајќи го Тејлор Фриц, по два тајбрејка со 2-0 сетови.
Ѓоковиќ го доби првиот сет по неизвесен тај-брејк, а во вториот постојано заостануваше со еден брејк, но на крајот се избори за тај-брејк и победи со 2:0.
Ова беше шести меѓусебен меч помеѓу Србинот и Американецот, а и овојпат, после скоро два часа подобар беше Ѓоковиќ.
Победата ми беше во втор план, морав да се борам за да преживеам. Не се чувствував комфорно по маратонската битла со Медведев и знаев дека ќе ми треба време да се прилагодам на играта на Фриц, кој има еден од најдобрите сервиси во светот, изјави Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.