Повеќе би сакал да ги пропушти сите трофеи до крајот на кариерата, отколку да се вакцинира против Ковид, изјави Новак Ѓоковиќ за Би-Би-Си во неодамнешното интервју, со што јасно ја покажа својата позиција.
Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам! Никогаш не сум бил против вакцинација, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата на избор на тоа што ќе го внесете во вашето тело, изјави српскиот тенисер за Би-Би-Си.
Српскиот ас отворено кажа дека не го интересира трката на ГОАТ и дека е подготвен да остане на 21. Грен слем трофеј доколку вакцинацијата е услов за големи турнири.
Принципите на носење одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе.
Ѓоковиќ е свесен дека луѓето гледаат поинаку на работите, но вели дека сериозно ја сфаќа пандемијата на корона вирусот и дека не бил „среќен“ поради позитивниот тест пред Австралија опен, кој му гарантирал медицинско ослободување, ниту пак лажира дезинформации.
Разбирам дека има многу критики и разбирам дека луѓето излегуваат со различни теории за тоа колку сум имал среќа или колку е погодно. Но, никој не е среќен кога ќе добие ковид. Милиони луѓе го имаат и се уште се борат со него ширум светот. Затоа ова го сфаќам многу сериозно, навистина не ми се допаѓа некој да мисли дека сум злоупотребил нешто во моја корист, за да добијам позитивен ПЦР тест и да завршам во Австралија.
Новак даде повеќе детали и за времето поминато во притворот на мигрантите во Мелбурн.
Бев навистина тажен и разочаран од начинот на кој се заврши за мене во Австралија. Не беше лесно.
Неговото барање за медицинско изземање беше поднесено анонимно и беше прифатено од два независни австралиски совети. Сепак, имаше посебна декларација за патување во која имаше грешка.
Апсолутно, грешката во декларацијата за виза не е направена намерно. Ова беше прифатено и потврдено од Федералниот суд и самиот министер во австралиското Министерство за имиграција. Значи, она што луѓето веројатно не го знаат е дека не бев депортиран од Австралија со образложение дека не сум вакциниран, или дека прекршив некои правила или дека направив грешка во декларацијата за виза. Сето ова е всушност одобрено и потврдено од Федералниот суд на Австралија и министерот за имиграција. Причината поради која бев депортиран од Австралија е тоа што министерот за имиграција ја искористи својата дискреција да ми ја укине визата врз основа на неговата перцепција дека можам да создадам некој антиваксерски притисок во земјата или градот, со што целосно не се согласувам, заклучи српскиот тенисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.