Новак Ѓоковиќ до последен момент се надеваше на некаква промена во однос на можноста да настапува на Ју-Ес Опен, но попладнево потврди дека нема начин да патува во Њујорк.

Во пресрет на ждрепката, српскиот тенисер со официјално соопштение им се заблагодари на фановите за поддршката, но потврди дека нема да може да се бори за нов грен-слем трофеј.

За жал, овој пат нема да можам да патувам во Њујорк за Ју-Ес Опен. Благодарност до фановите за поддршката и љубовта и им посакувам добар турнир на моите колеги. Останувам во добра форма и позитивно расположение чекајќи да добијам можност повторно да се натпреварувам, напиша Ѓоковиќ.

 

Српскиот тенисер не може да патува во Њујорк поради правилото на САД да не дозволи влез во државата на невакцинирани странски државјани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.