Откако синоќа објави официјално соопштение во кое ги објаснува деталите околу целокупната ситуација и деновите кога бил позитивен на ковид-19, според австралиските медиуми, Новак Ѓоковиќ може да добие до пет години затвор поради кршење на тамошните закони.
Новак денеска одработи нов тренинг во арената „Род Лејвер“, а од кабинетот на министерот за имиграција Алекс Хок сè уште нема новости дали Србинот ќе биде вратен во својата земја, а според австралиските новинари, ни денеска нема да има никаква одлука.
BREAKING: No decision on Djokovic visa today.
“Mr Djokovic’s lawyers have recently provided lengthy further submissions and supporting documentation said to be relevant to the possible cancellation of Mr Djokovic’s visa. This will affect the timeframe.” @9NewsAUS @2GB873
— Chris O’Keefe (@cokeefe9) January 12, 2022
Според „Ејџ“ и „Сиднеј морнинг хералд“, истрагата против Ѓоковиќ дефинитивно се проширува за да го вклучи и неговото кршење на условите за изолација во Србија, како и неточните наводи во формуларот за патување и недоследностите во датумот на неговиот тест за коронавирус.
Ѓоковиќ на „Инстаграм“ призна дека ден по добиениот негативен тест дал интервју за „Л’Екип“, за кое вели дека го дал на 17 декември, нагласувајќи дека претходно, на 16 декември, бил негативен. Австралијците велат дека тоа е исто така сериозен проблем.
View this post on Instagram
Во изјавата под заклетва Ѓоковиќ рече дека на 16 декември му бил „тестиран и дијагностициран“. МВР сега ја истражува оваа неусогласеност во информациите, а казната за давање лажни докази според Законот за кривични дела е казна затвор од пет години, пишува „Ди Ајџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.