Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, продолжува да владее со тенискиот караван и покрај раниот пораз на Мастерсот во Монте Карло.

Српскиот тенисер  ја почна 366-та недела на врвот на АТП листата.

Најдобриот светски тенисер, минатата недела беше поразен во второто коло на Мастерсот во Монте Карло од Алехандро Давидовиќ Фокина, но и покрај неочекувано раната елиминација, ја зголеми предноста пред второпласираниот Данил Медведев.

Србинот има 8.340 бодови, 110 повеќе од рускиот тенисер, кој поради повреда не настапи на турнирот во Кнежеството. Минатиот понеделник, разликата беше само 10 поени.

Ѓоковиќ неделава е домаќин на турнирот во Белград, а на турнирот ќе учествуваат Андреј Рубљев, Доминик Тим, Карен Хачанов, Давид Гофан, Фабио Фоњини…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.