Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ја продолжува доминацијата и оваа сезона откако денеска триумфираше на спринт трката во Австрија.
Возачот на Ред Бул триумфираше пред својот тимски колега Серхио Перез, додека трет на спринтот беше Карлос Сајнц јуниор од Ферари.
Потоа следува двоецот на Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, шестото место му припадна на Нико Хулгенберг, а во поени влегоа и Естебан Окон и Џорџ Расел.
Луис Хамилтон финишираше како десетти, а Шарл Леклер беше 12-ти.
Во генералниот пласман Ферстепен е убедлив лидер со 203 бодови, втор е Перез со 70 бодови помалку.
Главната трка за Големата награда на Австрија е утре со почеток во 15 часот, а пол-позицијата ја има Ферстапен пред двоецот на Ферари, Леклер и Сајнц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.