Светскиот првак Макс Ферстапен (Ред Бул) победи на Големата награда на Лас Вегас, со што ја забележа 18 победа сезонава во Формула 1, а вкупно 53 во кариерата.

Холандскиот возач мина прв низ целта пред Шарл Леклер (Ферари) и својот тимски колега Серхио Перез (Ред Бул), додека Французинот Естебан Окон (Алпин) го освои четвртото место.

Во пласманот на конструктори, Мекларен се врати на четири бодови до Мерцедес во борбата за второто место, зад Ред Бул, кој од претходно веќе ја обезбеди шампионската титулата.

Трката во Лас Вегас, која се возеше рано утрово по средноевропско време, беше 21 и претпоследна во календарот за оваа сезона која ќе финишира идната недела во Абу Даби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.