Третото коло на Европското екипно првенство во шах беше успешно за македонските репрезентации, откако шахистите синоќа ја совладаа селекцијата на Фарските Острови, додека шахистките беа поуспешни од домаќинот Црна Гора.
По стартните порази од Чешка (0.5 – 3.5) и Грузија (1-3), македонската машка репрезентација триумфираше над Фарските острови со 2.5 – 1.5 и ја забележа првата победа на ЕП во Будва.
Женската репрезентација, пак, ја извојува и втората победа во серија совладувајќи ја Црна Гора со 2.5-1.5, откако во претходното коло беше поуспешна од Шведска (2.5-1.5) по воведниот пораз од Словачка (0.5 – 3.5).
Македонските шахисти се на 31. место пред денешниот дуел против Црна Гора во четвртото коло, додека шахистките се искачија на 13 место, а следен противник ќе им биде репрезентацијата на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.