Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур не стартуваше во 14 часот. Причина за одлагањето на почетокот е дождот кој паѓа во Сингапур.

На патека „Марина Беј“ треба да се одржи првата трка по 2019 година. Ова ќе биде 17-та трка сезонава во Формула 1, по која постојат теоретски шанси Макс Верстапен втор пат по ред да ја освои шампионската титула.

Дождот во меѓувреме престана, па се очекува во 15:05 часот болидите да го почнат пробниот круг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.