Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија, откако го откажа настапот во финалето поради повреда на раката.

Георгиевски оствари три убедливи победи со резултат 2-0 во рунди против Белгиецот Мануел Полет, Украинецот Андриј Харбар и Турчинот Емре Кталмиш.

Речиси две рунди Георгиевски се бореше со повредена рака против Кталмиш, но успеа да победи и да се закити со сребрениот медал.

Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан од како Македонија е самостојна држава, за само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои четири медали, и тоа две златни и две сребрени“, соопшти Македонската таеквондо федерација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.