По двајца фудбалери и атлетичари, еден тенисер и возач во Формула 1 се номинирани за престижната Лауреус награда за најдобар спортист во светот во 2023 година.
Меѓу номинираните се тенисерот Новак Ѓоковиќ, светскиот првак во Ф1, Макс Ферстапен, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајлс, како и фудбалерите Лионел Меси и Ерлинг Халанд.
Годишната награда Лауреус во минатото четири пати му беше доделувана на Србинот Ѓоковиќ. Рекордер со пет награди е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.
Свечената церемонија на доделување на наградата е закажана за 22 април во Мадрид.
Наградата Лауреус се доделува од 2000 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.