Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го сподели своето мислење за правилата на Олимписките игри во Париз.

-Комплицирани правила. Има многу играчи кои заслужуваат да бидат тука и да играат на Олимпијадата. Би требало да биде поинаку бидејќи следниот сингл играч на рангирањето заслужува да биде тука доколку некој се повлече од турнирот, изјави Алкараз, за „ABC News“.

Претходно Србинот Новак Ѓоковиќ искажа критики што повлечениот Енди Мареј во сингл беше заменет со Метју Ебден играч од турнирот во двојки. Ѓоковиќ на убедлив начин го совлада Ебден.

Рафаел Надал и Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимпијадата во Париз со 7:6 и 6:4



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.