Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, се закити со бронзен медал на престижниот „Гран при 2022“ во Рим, искачувајќи се на победничкиот пиедестал на најсилно рангираниот турнир во олимписко таеквондо по олимписките игри и светските првенства.
Актуелниот олимписки вицешампион, како носител во првото коло беше слободен, по што нанижа победи над Италијанецот Роберто Бота (2-1) и Маикон Сеиквира од Бразил (2-0).
Георгиевски во дуелот за пласман во финалето по неизвесна борба беше поразен од олимпискиот првак Сисе од Брегот на Слоновата коска, но го освои првиот Гран при медал во историјата на македонското таеквондо.
Георгиевски сега го очекува настап на Медитеранските игри во Алжир, по што во септември ќе настапи на Гран при турнирот во Париз, како дел од подготовките за Олимписките игри 2024 во француската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.