Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз.
Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1.
Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен.
It's a first round defeat for Jade Jones!
The two-time Olympic gold medallist has lost to North Macedonia’s Miljana Reljikj ❌
Jones may still be given a chance at the bronze medal through the repechage 🥉#BBCOlympics #Paris2024 pic.twitter.com/eSEpJGB7Au
— BBC Sport Wales (@BBCSportWales) August 8, 2024
Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук.
Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент, порача Кук.
Heartbreak for Great Britain's Jade Jones as she loses in the first round for the second Olympics in a row 💔
She may still be given a chance at the bronze medal through the repechage 🥉#BBCOlympics #Olympics #Paris2024 pic.twitter.com/4pfV1lfUOo
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) August 8, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.