Одвратниот Ник Киргиос и антиваксерот Новак Ѓоковиќ се подготвени за финалето  на лошите момци“, со овој наслов „Сандеј Тајмс“ го најави дуелот меѓу Србинот и Австралиецот на Вимблдон кој е во тек.

Мизерно, помизерно не може! Англичаните сега навистина ја преминаа границата. Пред големото финале, Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјиос беа прогласени за најодвратни.

За критичарите, Ник е насилник кој му дава лоша репутација на тенисот, а за фановите тениски гениј. Ник е играчот кој платил повеќе казни на теренот од кој било друг играч во текот на неговата кариера – 452.000 фунти. Тој ќе игра во своето прво Грен слем финале. За организаторите на најпрестижните турнири ова е веројатно кошмар. Новак Ѓоковиќ е антиваксер и игра против човек кој се соочува со обвинение за напад во Австралија – пишуваат британските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.