Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен го освои Светскиот мастерс турнир во Ријад, откако во финалето го совлада Белгиецот Лука Брасел со 5:2 во фрејмови.
По враќањето од брејк при 2:2, О’Саливен врза три фрејма и стигна до трофејот во Саудиска Арабија.
Покрај трофејот, О’Саливен во финалето освои 250.000 фунти, додека Брасел како финалист заработи 125.000 фунти.
О’Саливен го собори рекордот за заработка на еден играч во една сезона, откако оваа сезона веќе достигна 1.325.000 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.