Млада битолчанка Марија Димовска извојува победа во полуфинале против домашната натпреварувачка од Турција. На Европското првенство во кик-бокс кое ќе се одржува во Истанбул, Турција од 25 август до 3 септември Димовска, член на КБК Енерџи од Битола успеа да влезе во борба за златен медал. Во полуфиналето издвојува победа со 3:0 над Еданур Ачар од Турција и со тоа обезбеди сребро. За првата позиција ќе се бори против Соња Вуксиќ од Србија.

И Силвио Мировски обезбеди финале и најмалку сребрен медал на Европското првенство за деца, кадети и јуниори. Мировски, по вчерашната победа, денеска во полуфиналето убедливо со 3-0 го победи и Србинот Урош Крстиќ, па во финалето и битката за златниот медал ќе се соочи со грчкиот натпреварувач Христос Ефстахиадис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.