Целосно е јасно дека во Австралија се работи за лична кампања против Новак Ѓоковиќ, пишуваат српските медиуми. Дали е политичка или некоја друга, тоа е за дискусија, но нема ни промил дилема дека се е оркестрирано против српскиот тенисер.

Новиот доказ за тоа стигна во вид на барање на тамошното министерство за внатрешни работи кое барало од судијата да го помести судењето на Ѓоковиќ за среда!

Тоа би значело уште два дена морничаво заложништво за Новак. Уште два дена без тренинг и голем проблем по можноста за учество на Австралијан опен, бидејќи ждрепката е во понеделник.

Сепак судијата покажал правичност и го одбил барањето на министерката Карен Ендрјуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.