Ако се суди според изјавата на австралискиот претседател Скот Морисон, тогаш сите надежи Новак Ѓоковиќ да добие дозвола да настапи на Австралија Опен во Мелбурн, паднаа во вода.

Австралија има свои граници и правила, ова има врска со примената на правилата. Нема да навлегувам во медицинската историја на Новак. Само ќе кажам дека доказите што тој ги приложи не беа доволни. Првиот чекор се состои во тоа што ќе му биде откажана визата и тој сега ќе мора да си замине во најкраткиот можен рок. Тениската асоцијација му дала дозвола да игра и тоа е ОК, но ние ги одредувамe правилата за влез во нашата земја – изјави премиерот Морисон.

Ѓоковиќ допатува во Австралија без примена вакцина, но со потврда дека во последните шест месеци прележал ковид-19. Сепак, тоа не беше доволно да добие медицинско иземање за настап во Мелбурн, каде годинава тој се надеваше дека ќе дојде до триумфот на 21. Грен слем во кариерата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.