Фернандо Алонсо и Ленс Строл следната сезона ќе го возат болидот „АМР24“, кој уште две години ќе го придвижува моторот на Мерцедес, како и најмодерното гориво, масла и лубриканти од лабораториите на моќната саудиска компанија „Арамко“, водечки светски „играч“ во нафтената индустрија.

Заминувањето на компанијата „Когнизант“ од тимот во сопственост на канадскиот милијардер Лоренс Строл, таткото на Ленс, значеше и подем на сaудиската компанија која минатата година оствари приход од 585 милијарди долари.

„Арамко“ потпиша договор со тимот чија база е во Силверстон до 2028 година, а во тој период Астон Мартин ќе го носи саудискиот бренд во официјалното име на тимот, но ќе инкасира сериозни пари за него и ќе остане ексклузивен партнер за горивата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.