Димса Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи преку фејсбук со силна поддршка за Никола Ѓуретановиќ, младиот македонски олимпиец кој пливаше во првата група со само петмина пливачи и заврши последен.
„Дете, ти веќе си шампион. Тоа е јасно.
Овој шунд од нереализирани луѓе што те вреѓа и омаловажува е само резултат на ниту една нивна исполнета, лична, животна цел.
Ти само продолжи со уште посилно темпо, за 4 години сите што те плукале ќе се гордеат со тебе.
А, ти, тогаш, треба да бидеш над сите и секој твој успешен резултат да го книжиш на конто на Македонија, која секако верувам дека ќе ти овозможи следниве години услови за тренинг и напредок кои си ги немал.
Честито на храброста на 16 години да се соочиш со сите на ЛОИ 24, Никола Ѓуретановиќ шампионе!“, напиша Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.