Додека Хрватите му честитаат на успехот Ѓоковиќ, Шпанците и Албанците го покажаа своите вистинско лице . Уште полоши се Англичаните! „Гардијан“ објави текст со наслов „23 Грен слемови на Новак Ѓоковиќ се рекордни – но ве молам не го нарекувајте најголем досега“.

Англичаните  го консултираа поранешниот тенисер и сегашен професор по филозофија на престижниот универзитет, Бен Брамбл, да се обиде  да докаже дека Србинот не е најголемиот досега.

– Сега кога Новак Ѓоковиќ го освои 23. Грен слем турнир и кога има мали шанси Надал да го стигне, многумина велат дека Ѓоковиќ е најголемиот досега. Но, исто така, многумина чувствуваат неволност да тврдат такво нешто. Федерер изгледа исто толку голем. Но, дали бројките можат да лажат? Да!. Да претпоставиме дека се појави тенисер висок три метри кој секогаш сервира асови. Никогаш не загуби гем на свој сервис и зема 30 грен слем. Дали е тој најголемиот досега? Не. Идејата е смешна. Или ако претпоставиме дека избива нова светска војна и повеќето мажи се мобилизирани, но сепак се играат Грен слемови. Дејв потоа освои 30 Грен слем. Дали Дејв е најголем? Сигурно не.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.