Ана Цветановска го имаше својот прв настап на Зимските Олимписки игри. Македонската олимпијка настапи во дисциплината крос кантри на 10 километри во Пекинг.

Во конкуренција на 98 натпреварувачки, Цветановска оствари вкупно време од 39:57.7 и заврши на 95. место.

Со денешната трка го завршува настапот на Зимските олимписки игри. Претходно поради ситуацијата со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи, Ана не настапи на трката (жени) на 7,5+7,5 км во скијатлон.

Првото место на денешната трка во крос кантри и припадна на Норвежанката Тереза ​​Јохауг која оствари време од 28:06.3. Второто место и припадна на Керту Нисканен од Финска. И бронзениот медал отиде во Финска, до него стигна Криста Пармакоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.