Карлос Алкараз го коментираше скандалот со неговиот татко на Грен слемот во Лондон. Српските медиуми го обвинија таткото на Шпанецот дека доаѓал на тренинзите на Новак Ѓоковиќ и снимал видеа.

 

– Тоа е веројатно вистина. Татко ми многу сака тенис. Тој не само што ги гледа моите натпревари. Доаѓа на терените во 11 часот, заминува во 22 часот, гледа натпревари, гледа тренинзи. Тој имаше можност да го види Ѓоковиќ во реалноста. Така, да, веројатно направил видео, рече Алкараз.

 

Запрашан дали таквата постапка му дава предност при евентуален меч со Ѓоковиќ, првиот светски рекет одговори:
„Не размислувам за тоа. Имам многу различни видеа од Ѓоковиќ. Мислам дека тоа не ми дава никаква предност“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.