Шпанецот Карлос Алкарас ќе ја заврши сезоната на првото место на светската ранг-листа. Тенисерот поради повреда го пропушта завршниот АТП турнир во Торино, но и покрај ова ќе остане прв светски рекет.

Деветнаесетгодишниот Алкараз ќе го загубеше лидерското место доколку Гркот Стефанос Циципас ги добиеше сите натпревари на завршниот турнир, или ако турнирот го освоеше Шпанецот Рафаел Надал.

Сепак, Циципас загуби од Новак Ѓоковиќ во групната фаза, а Надал по два порази ги загуби шансите да ја помине групата.

На турнирот во Торино денес играат:
Андреј Рублев (Русија) – Новак Ѓоковиќ (Србија) од 14 часот
Стефансо Циципас (Грција) – Данил Медведев (Русија) од 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.