Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ потврди дека добил виза за влез во Австралија и дека ќе може да настапи на првиот Грен-слем турнир идната година – Австралија опен во јануари 2023.

Ѓоковиќ оваа година не можеше да ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, откако беше депортиран затоа што не е вакциниран против корона вирусот.

Навистина ме израдува веста. Јасно е дека тоа е големо олеснување ако се знае низ што сè јас и моите најблиски минавме на почетокот на оваа година, изјави Ѓоковиќ, откако го совлада Андреј Рубљов на АТП финалниот турнир во Торино и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот турнир сезонава.

Ѓоковиќ во кариерата има девет титули на Австралија Опен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.