Се очекуваше спектакл во Торино. Наместо тоа, Новак Ѓоковиќ целосно го надигра Карлос Алкарас во полуфиналето на завршниот Мастерс. Српскиот тенисер покажа зошто е најдобар на сите времиња.
По 90 минути игра Ѓоковиќ победи со 6:3, 6:2 и со тоа му го нанесе третиот пораз на шпанскиот тенисер во пет меча. На Алкараз не му остана ништо друго освен да му честита на Србинот за убедливата победа.
– Не беше можно. Новак беше подобар вечерва. Ви благодариме за безрезервната поддршка – напиша Карлитос на социјалните мрежи, со солза емотикон, што доволно говори за овој натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.