Александар Маленко објави дека го добил управниот спор против Пливачката федерација.
Денес Петок, 03.11.2023год, објавувам драги пријатели и сограѓани извршен документ со кој, се докажува и покажува секаква досегашна „легална работа и раководење“ во последниве 27 месеци во име на Пливачка Федерација, односно било НЕЛЕГАЛНО во секоја смисла, со измислени и непостоечки правни субјекти „пливачки клубови и лица“, кои во име на пливачка федерација и програмски активности добивале финансиски средства од програмски буџет, спортски ваучери, олимписки комитет, општини и спонзори, објави Маленко на својот Фејзбук профил.
Во продолжение објавата на Маленко ја пренесуваме во целост:
Нејсе, тоа допрва согласно закон и институции со правосилни судски пресуди ќе биде НАПЛАТЕНО без пардон од секој, без притоа да биде нарушено нормално тековно работење во пливање и програмски активности кои допрва следат по завршување на комплетна спортска ревизија во водени спортови (регистрирани активни пливачи, тренери за лиценца за работа, правни субјекти за дејност спорт пливање) согласно закон, статут правилници и меѓународни спортски критериуми во ПФМ!
Е сега мала бесплатна спортска едукација за сите нервозни и „загрижени“ лица кои секојдневно преку посредници прашуваат до каде е работата и што се случи, како вака?!?
Епа се случи ПРАВДА, се случи СПОРТСКИ НОКАУТ од едно лице кон сите инволвирани спортско неписмени лица, политички функционери и бизнис криминални групации кои Ве имаат за Вас за уши нонстоп последниве 15год за хонорар. Се случи ПОТОП за Вас, заедно со вашите „ментори професори“ кои освен „спортски оргии“ секој викенд (Петок-Недела) НЕМААТ ништо друго направено од област – Спорт!
– Наредниве пет дена научете што значи
П – Правосилна
И – Извршна
С – Стоп за Вас
К – Крај за Вас
А – Александар
М – Маленко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.