Данскиот тенисер Холгер Руне тренираше со Шпанецот Рафаел Надал пред турнирот „6 Кингс Слем“.

– Не можев да барам повеќе, одличен тренинг, напиша Руне на своите социјални мрежи.

Ревијалниот турнир ќе се одржи од 16 до 19 октомври во Ријад (Саудиска Арабија). На него ќе учествуваат и Србинот Новак Ѓоковиќ, Шпанецот Карлос Алкараз, Италијанецот Јаник Синер и Русинот Данил Медведев.

Претходно, 38-годишниот Надал најави дека ќе се пензионира во ноември оваа година. Последниот турнир на 22-кратниот победник на Грен слем ќе биде Дејвис купот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.