Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ и менаџерот на тимот на „гробарите“, Лука Вулиќиќ се суспендирани на четири натпревари по инцидентите во вториот натпревар од финалната серија во српското кошаркарско првенство.
Серијата не заврши на спортски начин, бидејќи на Црвена звезда и беше доделена официјална победа од 20:0 и официјална шампионска титула поради навредливите скандирања од навивачите на Партизан.
Поради оваа суспензија, екипата на Партизан во следната сезона нема да може да се потпре на Обрадовиќ за своите потенцијални натпревари во полуфиналето и финалето на шампионатот.
Поради обврските во Јадранската лига, „црно-белите“, не играат во првенството во регуларниот дел и во битката за титулата се приклучуваат од плеј-офот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.