По пауза од еден ипол месец и пропуштени 21 натпревар поради повреда на левото колено, Кевин Дурант се врати на паркетот и делуваше како воопшто да не отсуствувал. Во својот порв натпревар од 15 јануари, Дурант постигна 31 поен, но тоа не беше доволно за Бруклин да избегне пораз од Мајами со 113:107.
Бруклин имаше скор од само 5-16 во натпреварите коишто ги пропушти Дурант, по што со учинок од 32 победи и 32 порази падна од втората на осмата позиција во Источната конференција. Само Њујорк (3-16) и Хјустон (3-15) имаа полош скор од Бруклин во периодот од 16 јануари.
Мајами беше предводен од Бам Адебајо, кој натпреварот го заврши со 30 поени, 11 скокови и шест асистенции. Тајлер Хиро постигна 27, Кејлеб Мартин 22, а Макс Штрус 21 поен за Мајами, кој е лидер на Истокот во НБА.
Резултати на останатите натпревари:
Атланта – Чикаго 130:124
Бостон – Мемфис 120:107
Торонто – Детроит 106:108
Далас – Голден Стејт 122:113
Сан Антонио – Сакраменто 112:115
ЛА Клиперс – ЛА лејкерс 132:111
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.