Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва од 21.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Австрија ќе испише уште една страна од македонската кошаркарска историја.
По пет победи во првата фаза, дојдоа и победите против Португалија и Бугарија за пласман во финалето на Евро-шампионатот во дивизија „Б“.
Вечерва на ред е битката за победничкиот пехар, а иако селекторот Горан Андреевски вели дека главната цел е остварена, сепак сака македонската кошаркарска јавност да ја израдува со златните медали.
„Денес влегуваме малку порастоварени, бидејќи главната цел ја остваривме, а тоа е влез во „А“ дивизијата. Но се разбира и кон овој меч ќе влеземе максимално посветено и ќе се обидеме сите да ги израдуваме со злато. Емоциите ги тргнуваме на страна, играме храбро како и секогаш. Одиме на уште една победа, изјави селекторот пред мечот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.