Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на својот Денвер Нагетс му ја донесе првата шампионска титула во историјата на лигата.

Денвер стана шампион во НБА лигата, откако во петтиот меч од финалната серија го совлада Мајами со 94:89.

Јунак на величествениот триумф на тимот од Колорадо беше српскиот ас Никола Јокиќ, кој решавачкиот меч го заврши со 28 поени, 16 скока и четири асистенции.

По натпреварот во „Бол Арена“ имаше големо славје, а во центарот на вниманието беше наследничката на Јокиќ, Огњена.

Ќерката  го следеше мечот со својата мајка Наталија, а по последниот звук на сирената заврши во прегратките на својот татко.

Никола не се одвојуваше од наследничката која со капчето имаше феноменален стајлинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.