Страхиња Јокиќ, братот на Никола Јокиќ, беше уапсен поради напад на маж на натпреварот од плејофот во НБА лигата помеѓу Денвер и Лејкерс.

Страхиња беше обвинет за напад и прекршок од трет степен и се појави во Окружниот суд во Денвер во вторникот, според судските записи, како што објави Денвер пост.

За потсетување, полицијата за инцидентот дозна преку видео на TikTok на кое се гледа како браќата Јокиќ се расправаат со еден од фан.

Еден детектив од Денвер го интервјуирал навивачот три дена по натпреварот на 22 април и забележал дека има исеченици и модринки околу и под левото око.

Мажот во полиција изјавил дека братот на Јокиќ го удрил со тупаница по лицето. Полицијата подоцна го идентификувала Страхиња Јокиќ преку неговата тетоважа на вратот.

Иако мажот прво не сакал да го тужи Страхиња, пред два месеци се предомислил. Јокиќ истакна дека од нападот на човекот што го удрил, „одбранил постар човек, кого го познава долго време“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.