Бракот меѓу Теодосиќ и Јелисавета Орашанин повторно е во криза.На кошаркарот  особено му пречело тоа што неговата сопруга повторно излегувала навечер.

Јелисавета му ветила дека ноќните излегувања ќе ги намали на минимум, како и дека ќе престане да троши пари на непотребни работи. Меѓутоа, таа веќе го прекршила ова ветување, па оттогаш неколку пати излегла со другарките. Последен пат тоа била викендот, кога  заглавила до утрото.

Покрај фотографиите од нејзиниот стајлинг кои ги имаше за таа пригода, посебно внимание привлече и натписот на ѕидот од клубот во кој танцуваше до раните утрински часови: „Не заборавај да си одиш дома“, што многумина го протолкуваа како провокација и порака до нејзиниот сопруг, додека тој е сам дома, осамен и нервозен поради се што му се случува во кариерата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.