Италијанскиот кошаркарски тренер, Серџо Скариоло, е главниот претендент од идната сезона да биде нов тренер на Реал Мадрид. Според новинарот на „СДНА“, Георге Закас, претставници на двете страни активно преговараат.
Шеесет и двегодишниот Италијанец моментално го предводи Виртус од Болоња, со кој не успеа да избори место во плејофот во Евролигата. Виртус е 14. во поредокот со скор 13-20.
Скариоло е и селектор на шпанската репрезентација и го предводеше тимот до победата на Европското првенство во 2022 година.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Шпанија, Хорхе Гарбахоса веќе изјави дека не му пречи ако Скариоло го води Реал Мадрид. Според него, работата во мадридскиот клуб ќе му овозможи на тренерот повнимателно да го следи развојот на шпанската кошарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.