Тренерот на Виртус Болоња и селектро на шпанската копаркарска репрезентација, Серџо Скариоло, зборуваше за тешкотиите со кои се соочуваат европските кошаркарски стручњаци во НБА-лигата.

Никогаш не верував дека ќе станам главен тренер во НБА. Дури и кога конкурирав за оваа позиција, го немав тоа чувство. Тие не се подготвени на тој чекор во моментов. Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина, но сега не гледам можност европски специјалист да дојде од Европа и да стане главен тренер во НБА без да работи како асистент неколку години. Прашањето е колку години мислат дека ти требаат. Сепак, тоа е многу чудно. Ова е нивниот свет. Тие со задоволство прифаќаат таленти, играчи, тренери, па дури и агенти кога можат да и помогнат на организацијата да се подобри. Но, давањето на клучевите на странците и доверувањето на највисоката лидерска позиција е далеку уште неколку години – изјави Скариоло.

Италијанскиот стручњак работеше како помошен тренер во Торонто од 2018 до 2021 година, тим со кого стана шампион во НБА (2019 година) со овој тим.

Досега единствениот Европеец, кој бил прв тренер на еден НБА клуб е српскиот стручњак Игор Кокошков, кој во сезоната 2018/2019 го предводеше Феникс санс. Сепак, Кокошков, пред тоа беше асистент во неколку екипи, како и на универзитетот Мисури, од 1999 година.

Кокошков беше на клупата на Феникс само една сезона, по што повторно во два наврата имаше позиција на асистент, во Сакраменто и во Далас во моментов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.