Еден ден пред објавувањето на списокот на кандидатите за настап за Србија на претстојното Светско првенство (25 август – 10 септември) во Филипини, Индонезија и Јапонија, стигна лоша вест за љубителите на овој не само во соседството туку и во целиот регион, откако извори блиски до националниот тим ги информираа медиумите дека Никола Јокиќ по долго размислување решил да не го облече дресот на својата репрезентација.
Тие што ја следеа шампионската сезона на Денвер нагетс во НБА, уште пред крајот од историската финална плејоф-серија за овој тим можеа да почувствуваат дека центарот е премногу уморен од клупските обврски за да продолжи со Србија каде што застана на минатогодишното Европско првенство. Селекторот Светислав Пешиќ, челниците на српската федерација и новиот капитен на српскиот тим, Богдан Богдановиќ, се обидоа да го одвратат од долг годишен одмор, но тие напори не го донесоа посакуваниот ефект.
Ова автоматски ќе ги намали амбициите и реалните можности на Србија, особено што лето во дресот на репрезентацијата одлучи да го прескокне и асот на Барселона, Никола Калиниќ поради слични причини, а истото се подготвува да го направи и новиот член на Оклахома, Василије Мициќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.