Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, и центарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо, ќе ги предводат со капитенските ленти екипите на Истокот и Западот на годинашниот „Ол стар“ натпревар во НБА лигата.
Почетната петорка на Западната конференција, предводена од Џејмс, кому ова ќе му биде 19. „Ол стар“ натпревар во кариерата, ќе ја сочинуваат и Никола Јокиќ (Денвер), Стеф Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Далас) и Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс).
Во почетниот тим на Истокот, покрај Гркот Адетокумбо, се избрани и Џејсон Тејтум (Бостон), Кајри Ирвинг (Бруклин), Донован Мичел (Кливленд) и Кевин Дурент (Бруклин).
„Ол стар“ натпреварот е на програмата ноќта меѓу 18. и 19 февруари во Солт Лејк Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.