По критиките дека на ракометниот спектакл носеше дуксерица „Црвена Звезда“ Перо Антиќ се јави со реакција.Тој вели оти не крие дека навива за Црвена Звезда и за Олимијакос но Македонија му е на прво место.

Тоа не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Може и да носам дуксер со Меси на него.Тоа е опремата што ми ја дадоа од последната сезона што ја играв. Не отидов на шопинг. Не барам оправдувања и не сакам ова да изгледа како да се правдам. Секој може да носи што сака, секако и јас. Можеш и гол, со отворен ум, нели сме во 21 век? И секој го поддржува својот клуб. Реков и ќе повторам дека навивам за Црвена звезда, Олимпијакос и Фенербахче и така ќе остане. Јас сум нивен фан, не кријам.
Но, секако, Македонија е број еден за мене. И се што направив за Македонија ми дава право да се облекувам како што сакам. Ја претставував Македонија во најдобро светло низ светот. За мене Македонија е една, знамето е едно, а химната е една и тоа никогаш нема да се смени. Така да немам порака за овие злобници, само сакам да им посакам среќна Нова година, да останат здрави и да се опуштите малку. Престанете да бидете негативни, бидејќи има многу поважни работи за коментирање од тоа кој што носи. Ја сакам Македонија, тоа го знаат сите-вели Антиќ за ММС.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.