Кошаркарите на Работнички триумфираа вечерва над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион.
Вечното македонско дерби донесе квалитетна кошарка во салата „Независна Македонија“ и победа за гостинската екипа, со која најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ја прекина серијата порази во дуелите со градскиот ривал, и најави дека ќе биде сериозен конкурент во битката за шампионската титула.
По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази.
Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени.
Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.