Најдобриот играч на кошаркарскиот клуб Задар, Американецот Џастин КАртер најави заминување од клубот.

Картер одигра одлична сезона за Задар во АБА лигата. Американецот беше убедливо најдобар играч на хрватскиот претставник. Сезонава имаше просек од 11,9 поени, со околу две асистенции.

Сепак, плејмејкерот преку Твитер им се пожали на навивачите, порачувајќи дека ги сака, но дека не може да игра бесплатно, со што индиректно најави заминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.