Денеска почнува новата сезона во кошаркарската Евролига, во која 18 екипи ќе се борат за место на завршниот турнир во Берлин.

Сезоната ќе б иде отворена во белградската Арена, каде што ќе се сретнат кошаркарите на Црвена звезда и Асвел, а вечерва на програмата се и дуелите Макаби – Партизан, Барселона – Ефес, Баерн – Алба и Виртус Болоња – Жалгирис.

Евролигата од оваа сезона првпат воведува плеј-ин турнир по примерот во НБА лигата.

Регуларниот дел од сезоната ќе трае до 12 април. Плеј-ин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, а плејофот ќе почне на 23 април и ќе заврши најдоцна до 8 мај.

Финалниот турнир е на програмата од 23 до 26 мај идната година во Берлин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.