Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“.

Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%.

Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс.

Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани шут.

Во изминатите четири сезони, Јокиќ три пати беше прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига на светот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.