На денешен ден, 5 јануари 1988 година, почина надобриот играч некогаш виден во НБА – легендарниот Пит „Пистол“ Маравич.
Србин кој живееше и ја градеше својата кариера во Америка починал од срцев удар.
Судбината сакаше славниот „Пистол Пит“ да го заврши животот со топката во раце на кошаркарскиот терен.
На 5-ти јануари, Маравич играше кошарка со своите пријатели во Пасадена. Во еден момент паднал на земја и добил срцев удар. Легнат на земја, Маравич рече
„Се чувствувам навистина добро“ и засекогаш се пресели во легендата.
Аутопсијата покажа дека неговата смрт била предизвикана од срцева мана која никогаш претходно не била дијагностицирана. Утврдено е дека тој е роден со само една коронарна артерија наместо вообичаените две
Пит Маравиќ по потекло беше Србин. Неговиот дедо емигрирал во Америка, а неговиот татко подоцна основал семејство таму
Нема дружење со Хрвати
– Што си ти, Србин или Хрват – го праша Пит Маравиќ Руди Томјановиќ.
– Мислам дека сум Хрват – одговори Томјановиќ.
-Тогаш мислам дека ние двајца не смееме да бидеме пријатели – му релол Маравиќ, кој има српско потекло.
Сепак, подоцна се дружевме – изјави Руди Томјановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.