Селекторот на македонската репрезентација, Александар Јончевски ги одбра дванаесетте кошаркари за натпреварот со Литванија.
Јончевски нема да може да смета на најдобрите играчи, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс имаат натпревари во Евролигата, Итан Хап е повреден, а Андреј Јакимовски настапува во НЦАА каде сезоната е во полн ек.
На списокот на Јончевски се: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Лејсон Зеќири, Страхил Николов, Стојан Ѓуроски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ и Кристијан Николов
Натпреварот ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.