Суперкупот во машка и женска конкуренција е на програмата денеска во Скопје како увертира на новата македонска кошаркарска сезона.

Во машкиот Суперкуп, кој го носи името на прославениот тренер Драган Василов – Цевка, вечерва од 19:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе играат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010.

Најтрофејниот клуб во историјата на македонскиот кошаркарски Суперкуп, МЗТ Скопје, ќе се обиде да го освои својот шести трофеј, додека Феникс ќе атакува на премиерниот.

Како увертира на пресметката меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Феникс, ќе се одигра и натпреварот од женскиот Суперкуп меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Кам 2011.

Трофејот го бранат кошаркарите на Баскет Кам 2011, кои во ланското издание го совладаа Бадел 1862.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.