Џа Морант постигна 29 поени, меѓу кои и пет во последната минута, со што го предводеше Мемфис до победа против Голден Стејт со 116:108. Ова за „гризлите“ беше десетта победа по ред, што е најдолга триумфална серија во НБА лигата во моментов и која му овозможи на Мемфис да се изедначи со Јута на третото место во Западната конференција.

Жаире Вилијамс и Тајус Џоунс постигнаа по 17 поени за Мемфис, каде што недостасуваше стартниот центар Стивен Адамс поради ковид изолација. Тренер на Мемфис на оваа средба беше српскиот стручњак, Дарко Рајаковиќ, кој вообичаено е порв помошник на Тејлор Џенкинс, кој е изолиран според здравтвените протоколи.

Кај Голден Стејт, најдобар беше Стеф Кари кој со 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции дојде до својот втор трипл-дабл сезонава.

Клеј Томсон го заврши натпреварот со 14 поени, додека Ендрју Вигинс и Гери Пејтон постигнаа по 13.

Резултати од останатите натпревари:

Вашингтон – Оклахома  122:118

Торонто – Феникс  95:99

Чикаго – Детроит  133:87

Њу Орлеанс – Минесота  128:125

ЛА Клиперс – Денвер  87:85

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.