Легендарниот кошаркар и тренер Дејан Милојевиќ почина на 46-годишна возраст како последица на срцев удар. Како што пренесуваат српските медиуми, на Милојевиќ му се слошило ноќта меѓу вторникот и средата во ресторан во Солт Лејк Сити, каде што бил со својот клуб Голден Стејт Вориорс. Тој бил пренесен во болница, каде му била извршена операција, но за жал на крајот починал.

Милојевиќ е роден во 1977 година во Белград. Играше за Беовук, ФМП, Будуќност, Партизан, Валенсија, Галатасарај, а кариерата ја заврши во Партизан каде се врати во 2009 година.

Тренерската кариера ја започна во 2012 година во Мега, каде остана до 2020 година. Потоа мина една година во Будуќност од Подгорица, за во 2021 година да замине во Америка, поточно во Голден Стејт Вориорс каде му беше помошник на првиот тренер. Со овој тим тој стана шампион во НБА во 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.