Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ потпишал договор со гигантот Олимпија Милано и во следната сезона ќе го има својот прв ангажман во Евролигата пренесуваат италијанските медиуми.

Димитријевиќ по одличниот настап во руската ВТБ лига каде е актуелен МВП и од регуларниот дел од сезоната, но и од плеј-оф серијата минатата година е на радар на најдобрите европски тимови.

Тој се очекува да биде второ засилување за италијанскиот тим за следната сезона по Џош Нибо, а со „манекените“ се очекува да потпише договор во траење од три години. Популарниот Нено професионалната кариера ја почна во Хувентут, а во кариерата покрај Уникс Казањ за кој игра во моментов, настапуваше и за Валенсија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.